Освен субвенции од државата, потребна е и поголема иницијатива кај приватниот сектор за одгледување овци зашто овој сектор е еден од најперспективните во Македонија. Ова е оценката на овчарските стопанства чии претставници денеска во Маврово учествуваа на 8. Регионална манифестација Ден на одгледувачите на овци Маврово - Ростуше" што се одржа под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Субвенциите за овчарството и воопшто, за сите други мерки, не доцнат и се исплаќаат во законски утврдениот рок. Не можеме да го гарантираме стабилниот откуп на јагнето, но со различни активности придонесуваме за развој на овчарството, рече ресорниот заменик-министер Зоран Коњановски.
Освен субвенции од државата, потребна е и поголема иницијатива кај приватниот сектор за одгледување овци зашто овој сектор е еден од најперспективните во Македонија.
Ова е оценката на овчарските стопанства чии претставници денеска во Маврово учествуваа на 8. Регионална манифестација Ден на одгледувачите на овци Маврово - Ростуше" што се одржа под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Субвенциите за овчарството и воопшто, за сите други мерки, не доцнат и се исплаќаат во законски утврдениот рок. Не можеме да го гарантираме стабилниот откуп на јагнето, но со различни активности придонесуваме за развој на овчарството, рече ресорниот заменик-министер Зоран Коњановски.
На барање на производителите, нагласи Коњановски, донесени се неколку конкретни мерки, укинат е скалестиот принцип на давање субвенции и е обезбедена поддршка за секое женско јагне.
Сточарите посочуваат дека и покрај субвенциите, бројот на овците во Македонија во однос на изминатите децении е значително намален, од 2 милиона на 500.000. Но, велат, може да се зголеми, ако се интервенира во откупот на јагнешкото месо и во цената на храната за ситниот добиток.
Во рамки на манифестацијата се одржаа натпревари во молзење и стрижење овци, беше демонстрирано машинско молзење, а имаше и изложба на расата македонски овчарски пес шарпланинец". Денот на одгледувачите на овци беше збогатен и со културно-уметничка програма.